Македонските фудбалски екипи не се заинтересирани за Охрид како место каде би ги одржале подготовките за новата фудбалска сезона.
На стартот на подготвките за новата сезона ниту еден тим од првата лига не допатува во Охрид, градот кој години наназад важеше за мека на најдобрите екипи од најелитното друштво.

Од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти од Охрид велат дека сеуште е рано бидејќи според нив Охрид за екипите е интересен во втората фаза од подготовките кога се очекуваат да пристигнат неколку екипи од Албанија.

–    Во втората половина од Јули очекуваме охридските терени да ги запоседнат екипи од Македонија. Покрај македоснките очекуваме и екипи од соседна Албанија. Минатата година Албанскиот шампион Тирана, се подготвуваше на терените на “Билјани“. – вели Иван Цветкоски дир. на ЈП за стопанисување со спортски објекти.  

Нашиот најголем туристички бисер од година во година е се позаборавен од екипите. Според едни причина се високите цени наспроти скромните буџети со кои располагаат клубовите а според други намалениот интерес се должи на неможноста да се одиграат квалитетни тест натпревари.

ohridnews