Концерти, настапи на познати бендови и диџеи, Охрид оваа недела ќе биде центарот на забавата во Македонија.

Загревањето започнува денеска на плажата „Куба Либре“ со денска латино забава од 13.30 до 16 часот со професионални танчери од Куба. Во латино ритамот ќе биде и вечерната забава на најдобрата плажа на охридската ривиера.

Во клубот „Хавана“ и оваа недела извонредна понуда за љубителите на денс музиката. Секоја вечер различни диџеи и стилови и музика за сите вкусови.

Од 1-4 август во клуб „Еспана“ гостуваат популарните “Kiss me & Jule”.

Забавата започнува во 23 часот.

Концертните настани кои ги има во изобилство оваа недела започнуваат со светски познатиот диџеј Афроџек кој ќе настапи на отворањето на фестивалот “Ohrid calling 2017”, на 1ви август на стадионот „Билјанини извори“.

За Денот на републиката, 2-ри Август, на плажата „Куба либре“ настапува латино бендот „Кубалканика“.

Забавата започнува во 22 часот.

На 2-ри август, среда, ужиживајте во денската латино забава и големиот избор на коктели во лоунџ бар “Giovani” во комплексот парк со BOCACONGA LATIN HOUSE.

Забавата започнува во 14 и ќе трае до 18 часот.

Вечерта на 2-ри август, во „Giovani beach&Lounge bar“, во комплексот „Парк“, настапува Боби Павловски – „Balkan show party“.

Забавата започнува во 21 часот.

Фестивалот “Ohrid calling” на 2-ри август продолжува со настап на еден од најдобрите диџеи во светот во моментов Hardwell, на стадионот „Билјанини извори“.

Високотиражниот хитмејкер со години е во топ 3 најдобри диџеи на светската ранг листа, а воедно е и најмладиот на кој тоа му пошло од рака. Директните преноси на спектакуларните настапи во живо со кои Hardwell едно по друго ги освојува најголемите фестивалски бини на планетата, заедно со спотовите и видеоблогот на YouTube, вкупно имаат повеќе од милијарда прегледи. Станува збор за досега незабележан случај на успех на електронската сцена, но и феномен кој одекна во светската музичка индустрија. 

На 3, 4 и 5 август на плажата „Куба Либре“ уживајте во латино забава со професионални танчери од Куба.

Забавата започнува во 22 часот.

На 4-ти август, фестивалот “Ohrid calling” ќе биде заокружен со целовечерен концерт на култната група „Бијело Дугме“ на стадионот „Билјанини извори“.

На 5-ти август на плажата Градиште 2 настапува извонредниот новосадски состав „Фрајле“. 

Неделата исполнети со одлична забава ќе ја заокружи бендот на феноменалниот гитарист Дамјан Пејчиноски “Shine”, кој на 6-ти август ќе настапи на плажата „Куба Либре“.

Забавата почнува во 22 часот.

За најдобрите забави во Охрид редовно информирајте се во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews.

OhridNews