На локација во близина на плажата Куба либре деновиве се одржа презентација на био-средства Биоверсал за справување со пожар.
Пред присутните претставници на општините Охрид и Струга, претставници од противпожарната единица на општина Охрид и други заинтересирани беа извршени неколку практични презентации за можностите на Биоверсал технологијата, која покрај за гаснење пожари се користи и за разградување на масла, нафта и нафтени деривати како на почва, така и во вода.
Биоверсал е напредна технологија со чие користење се овозможува заштита на животната средина при еколошки инциденти предизвикани од пожар и излевање на токсични материи како што беше случај со излевањето на нафта во водите на Охридското Езеро.