Со десеттиот погодок сезонава напаѓачот на Младост од Царев Двор, Игор Клечкароски ја запечати победата (2-0) над Дрита во 21-та рунда од Втората лига.
– После поразот од Скопје немавме право на грешка што внесе мала нервоза во нашиот состав. Сепак, од почетокот на мечот па се до крајот ние доминиравме и сосема заслужено ги освоивме трите бодови. – рече Клечкароски.
Стружанецот, кој своевремено го носеше дресот на Охрид арената „Атина Бојаџи“ ја чувствува како своја.
– Во било кој дрес да играм во Охрид јас сум како дома. Притисокот кога играм на „Атина Бојаџи“ речиси и да го нема. Сево ова се поклопува со тоа што кога и да играм во Охрид постигнувам значајни погодоци. – додаде Клечкароски.
Клечкароски покрај охридскиот дрес во својата кариера го има носено на Пелистер, Шкендија и Напредок.
Мх.П.