Ракометарите на Охрид и се реваншираа на Беса Фамгас за вчерашниот минимален пораз 23-22, победувајќи во денешниот контролен натпревар со 27-24 (17-12).

Почетокот од натпреварот им припадна на гостите. Најпрво обезбедија предност од два погодоци 3-5, а потоа поведоа и со три разлика 4-7. Охриѓани се консолидираа и успеаја да стигнат до егал 9-9. „Гладијаторите“ на крилата од добрата игра во одбрана направија серија од 6-0 и на одмор заминаа со пет позитива 17-12.

Во второто полувреме, се ротираше во двата состави, но охридските ракометари со сигурна игра не дозволија неизвесност како во вчерашниот натпревар. Шанса добија ракометарите со помала минутажа и максимално ја искористија постигнувајќи ефектни погодоци.

По пет пати прецизни во охридскиот состав беа Бобан Блажески и Филип Кривокапиќ, на четири застана Наум Костов, додека три реализираше Денис Тот. Во составот на Беса Фамгас, Арбиос Мушкулај со четири голови заврши најефикасен.

До продолжението во Супер лигата остануваат нешто повеќе од две недели во кои охридските ракометари ќе работата на тактички план после исцрпувачките подготовки изминатиов период.

Мх.П.