По откажувањето на Холандија од организацијата на ракометниот европски шампионат во женска конкуренци, Европската ракометна асосцијација (ЕХФ) потврди дека десет земји покажале интерес за организација на самитот.


Меѓу тие земји е и Македонија, која беше домаќин во 2008 година, кога мечевите се играа во Скопје и Охрид. Покрај Македонија, заинтересирани се уште Хрватска, Данска, Исланд, Норвешка, Русија, Полска, Србија , Словачка и Шведска.


Мечевите од ЕП 2008 година се играа во спортските сали во Скопје и Охрид. На шампионатот победи Норвешка, а Македонија заврши на седмото место.

Според информациите кои доаѓаат од РФМ, Македонија би поднесла кандидатура заедно со Србија и Црна Гора, а предлог-градови за домаќини на групите се наведени Скопје, Подгорица, Ниш и Белград.

М.П.