Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски ги соопшти трите града кои први ќе ги добијат олимписки базени. Прилеп, Битола и Штип, кои ги комплетираа сите потребни документи први ќе добијат олимписки базени направени по стандардите на ФИНА.

Предвидено е овие три базени да почнат да се градат во јуни или јули наредната година, а нивната промоција се очекува да биде по три години во мај – јуни 2012 година. Со овие објекти ќе стопанисува локалната самоуправа, а во нивна сопственост ќе работат и повеќе комерцијални објекти.

Базените ќе бидат со површина од 9.300 метри квадратни со капацитет од 500 посетители што овозможува да се одржуваат натпревари од сите пливачки дисциплини.

Покрај овие базени ќе бидат изградени уште шест олимписки базени и тоа во Скопје (Аеродром), Куманово, Струмица, Охрид, Гостивар и Тетово.

ohridnews