Манифестациите од типот на Кан, кон што целат организаторите, своето реноме не го градат врз основа на импровизации, кои колку некој да се обидуваше да ги сокрие не можеше. Киното во Охрид е далеку од потребните стандарди за ваква манифестација. Неговото наменско осовременување со изнајмена опрема за потребите на фестивалот не ги задоволи потребите на дел од режисерите кои отворено забележаа на квалитетот на кино проекциите. Во градот недостигаа повеќе информации и пропаганден материјал за фестивалот, а поради селективниот однос кон медиумите изостана поголема анимација на јавноста. Филмот на дел од организаторите им го пукна филмот на новинарите кои на завршната фестивалска вечер не го криеја незадоволството од односот кон нив. Но, тоа е најмал проблем, затоа што суетите треба да се остават на страна во интерес на една исклучително благородна идеја која Охрид треба да го стави на светската карта на филмски градови. Но тоа нема да биде можно да се направи доколку работите не се постават како што треба, импровизациите не се отстранат, и пред се доколку органзиацијата не се подигне на многу повисоко ниво. Би било штета тоа да не се направи, затоа што фестивалот покажа дека има потенцијал, а филмската критика позитивно го оцени репертоарот. Охрид и Македонија беа почестени со присуството на најдобриот светски шансониер, Шарл Азнавур. Тој изрази воодушевеност од приемот во земјава, кој беше на највисоко ниво. Е таков треба да е односот во сите сегменти од фестивалот, се друго е импровизација.
Охрид не е Кан
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com