Најoмилена дестинација на Македонците, кои годинава планираат да одат на летен одмор им е Охрид. Исто така тие прoјавуваат желба да летуваат и во туристичките центри во Грција, Турција, Шпанија, Црна Гора, Хрватска, но и на Карибите, Бахами, Куба, Малдиви. Ова го покажале  резултатите од истражувањето на ГФК Скопје, спроведено  овој месец, на 1.000 испитаници во поголемите градови во Македонија.

Резултатите од испитувањето покажуваат дека 73 %  од македонските граѓани планираат годинава да одат на одмор. Околу една третина од граѓаните, односно 35 проценти планираат да го поминат одморот во некое туристичко место во Македонија, при што како летна дестинација најчесто е споменуван Охрид, а од зимските центри Маврово и Попова Шапка. По Македонија, за 21 отсто од Македонците омилена дестинација за годишен одмор е Грција, а по неа Турција.

Најголем процент од оние кои планираат да одат на одмор се младите од 18 до 24 година и оние меѓу 25 и 34 години. На одмор планираат да заминат 86 отсто од граѓаните на Скопје, како и 66 проценти од жителите на другите урбани центри во Македонија.

Резулатите покажуваат дека лани половина од граѓаните биле на одмор. Најголемиот дел од нив одморале во Македонија – 59 отсто, а најчеста дестинација бил Охрид. Од останатите држави, Македонците најмногу оделе во Грција 16 отсто, како и во Црна Гора, Албанија и Турција.

OhridNews