Кошаркарскиот клуб Рогашка допатува во Охрид и во среда со почеток во 17 часот силите ќе ги одмери со „галебите“ во рамките од петтата рунда во Втората АБА лига.
Гостувањето во спортската сала „Билјанини Извори“ е најдалечно за кошаркарите на Рогашка кои во дуелот со охриѓани влегуваат со три порази во серија.
– По последниот несреќен пораз на Крка, сакаме да го подобриме впечатокот во Охрид и да се вратиме дома со победа. Знаеме дека АВ Охрид е на дното на табелата, но исто така знаеме дека АВ Охрид се зајакна со познатиот Зимиќ под обрачите. Очекувам тежок натпревар, но и верувам во момците за прекинувањето на серијата порази во АБА лигата. – изјави тренерот на Рогашка, Дамјан Новаковиќ.
Екипата на Рогашка нема проблем со повредени кошаркари и со сиот арсенал ќе му се спротистави со АВ Охрид.
OhridNews