Во последните 24 часа се регистрирани нови 336 случаи на Ковид-19, од направени 1964 тестирања. Оздравени се вкупно 385 пациенти, а починале десет лица. Иако бројот на нови и активно случаи опаѓа, состојбата се’ уште е кревка и потребна е максимална внимателност и почитување на мерките и протоколите за заштита, предупредуваат здравствените работници

Како што информира Министертсвото за здравство, согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во Скопје се регистрирани 145 нови случаи, во Кавадарци – 27, Охрид – 25, Прилеп – 17, Тетово – 15, Куманово – 13, Велес – 13, Битола – 12, Делчево – 10, Струга – 10, Гостивар – 7, Гевгелија – 5, Берово – 5, Струмица – 4, Ресен – 4, Радовиш – 4, Кичево – 3, Свети Николе – 3, Неготино – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 2, Македонска Брод – 2, Крушево – 2, Демир Капија – 2, Кочани – 1.

Регистрирани се 385 оздравени пациенти, еден во Охрид.

Починати се десет лица. Пет пациенти од Скопје (53,61,81,84 и 86г), по еден од Кавадарци (72г), Гостивар (61г), Кочани (49г), Охрид (83г) и Прилеп (68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667. Според досега завршените епидемиолошки анализи најмногу случаи до сега се регистрирани во Скопје каде има и најмногу активни случаи, по што следат Охрид и Куманово:

Активни случаи по градови:

  • Скопје 40006, активни 4715
  •  Охрид 2786, активни 390
  • Куманово 5166, активни 364
  • Кавадарци 2560, активни 323
  •  Тетово 5065, активни 314
  • Велес 3069, активни 260

OhridNews