Како кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19 влегува во критична фаза и ближи кон кулминација, така се зголемува заедничкиот одговор на хумани граѓани и општествено одговорни компании, кои несебично се ставија во помош на здравствениот систем, кој е максимално оптоварен и работи под сериозен притисок.

 

Недостигот на потребната заштитна опрема за здравствените работници континуирано се покрива со акции на цивилниот сектор. Една таква денеска реализираше и Авто школата „Старс инженеринг“ која обезбеди 100 заштитни визири за дел од охридските здравствени работници.

Авто школата „Старс инженеринг““ денеска донираше 50 заштитни визири на Заводот за рехабилитација, превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Св. Стефан во Охрид, 40 заштитни визири на управата во Општата болница Охрид која ќе ги распредели, а дополнително уште десет се донирани на Одделението за уво, грло и нос во оваа здравствена организација.

Охрид, земјата и светот се соочуваат со пандемија од коронавирус, која целосно го промени животот кој го познававме, но хуманите гестови, како денешниот на Авто школата „Старс инженеринг““ влеваат надеж дека со заеднички сили, меѓусебно помагање и фокус на приоритетите, ќе ја пребродиме големата здравствена криза.

OhridNews

Донација од неопходи средства за здравствените работници од компанијата „Атва“ 

Општествена одговорност на дело кога е најпотребно, донација за сите матични амбуланти и Итната медицинска помош во регионот 

Вредна донација од заштитни маски и визири за повеќе одделенија при Општата болница Охрид 

Иницијатива за почит: Со 3D принтери се изработува заштитна опрема за македонското здравство 

Охрид во акција: Значајна донација за медицинските лица и работниците во првите редови во борбата со коронавирусот