Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, која изминатиот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени во земјата има уште само уште Општина Охрид, 308, покажуваат резултатите од најновото истражување Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) на базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени вработувања и ангажирање на договор на дело.

По одделни категории вработени или ангажирани, најмногу нововработени во редовен работен однос, 35, има Општина Куманово. Кај привремените вработувања, најмногу нови, односно 89 има Општина Бутел, додека кај договор на дело, најмногу новоангажирани по оваа основа, по 15 имаат Општина Бутел и Општина Гевгелија.

Извор: Центарот за граѓански комуникации (ЦГК)

Спротивно, најголемо намалување на вработените во редовен работен однос од дури 49 луѓе има Општина Тетово, најголемо намалување на привремено вработени од дури 108 луѓе има Општина Карпош, додека најголемо намалување на ангажираните по договор на дело, односно 57 луѓе помалку има Општина Ресен.

OhridNews