Охридскиот фудбалски клуб, утре (сабота) со почеток во 17:30ч часот, на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе одигра тест средба со прволигашот Работнички.

Средбата со „романтичарите“ ќе биде одличен тест на квалитетите на „рибарите“, кои ја минуваа втората недела од летните подготовки. Работнички е нешто во понапредна фаза, затоа дуелот, без разлика што има предзнак контролен треба да биде интересен.

Охриѓани минатиот викенд ремизираа со новајлијата во Првата лига, Тиквеш, играјќи 0-0, додека клубот од Дебар маало во Охрид ја совлада Ренова со 1-0.

OhridNews