Во рамки на Самитот на Европската унија, во Брисел, денеска започнува европскиот саем за презентација на градовите, на кој учествува и општина Охрид.

 Станува збор за манифестација на која позначајните градови од Европа, ги претствавуваат своите потенцијали, достигнувања и предности во областите  кои се карактеристични за нивниот развој. Охрид ќе биде единствениот град од Македонија, кој до сега настапил со своја презентација на овој саем.

Во рамки на саемот ќе бидат претставени сите туристички потенцијали со кои располага Охрид. Ќе биде поставен штанд, на кој ќе бидат изложени промотивни материјали, фотографии,  предмети  и сувенири, од богатото културно, историско и природно наследство на Охрид.

Делегацијата  што ќе го презентира Охрид на ова манифестација во Брисел, ќе биде предводена од градоначалникот  Александар Петрески, а ќе биде составена од научни дејци, претставници од хотелски и туристички асоцијации и претставници на бизнис заедницата.

Ohridnews