Винченцо Бјанки ја отвори првата академија за скулптура во Фиренца, а повеќе од 600 негови дела се наоѓаат во повеќе музеи на уметност во светот. Тој е иницијатор за отворање на Универзитет на уметноста и музеј во Охрид кој што ќе го носи името на основачот на Охрид-Кадмо и во кој ќе бидат сместени негови, но и дела на познати светски уметници.
„ Охрид како град од кој извира писменоста и културата заслужува да има еден музеј каде ќе дише светската култура и каде народите ќе се спознаваат и разбираат преку уметноста“, изјави Бјанки, минатата година за Ohridnews.
Во 1998 година тој учествуваше и на Струшките вечери на поезијата, а охридската локална власт му додели и „клуч“ на градот во знак на благодарност и пријателство.