Екипите на Охрид и Воска Спорт, денеска и утре, ќе одиграат нови контролни натпревари во подготвителниот период за нова сезона во Втората македонска фудбалска лига-запад.
„Рибарите“, на СРЦ „Билјанини Извори“ денеска ќе го пречекаат составот на Гостивар, додека Воска Спорт на „Грашница“ утре, ќе ги одмери силите со Кораб.
Новата сезона во второлигашката конкуренција стартува на 21 август, а следната недела ќе биде ждрепката за паровите и комплетниот распоред на натпреварите.
OhridNews