Постојат големи шанси Охрид на есен да биде домаќин на безбедносна и одбранбена конференција на ниво на Европската Унија-ЕУ. За ова меѓу другото било разговарано на вчерашната средба во Париз на министерот за одбрана Лазар Еленовски со неговиот француски колега Ерве Морен.

На средбата било истакнато дека Франција го поддржува одржување на безбедносна и одбранбена конференција на ниво на ЕУ која би се одржала во октомври во Охрид.

Министерот Морен на средбата истакнал дека Франција ја подржува кандидатурата на Македонија за членство во НАТО но притоа потенцирал дека решавањето на спорот со Грција за името е еден од условите за членство во алијансата. Инаку Франција во втората половина од годинава ќе го преземе претседателството со ЕУ, кога Македонија очекува датум за преговори за членство во Унијата.

ohridnews