Од 16 до 18 мај во организација на ЈКА Самурај Охрид и ЈКА Самурај доџо од Пештани ќе се одржи голем карате семинар. Инструктор на семинарот ќе биде Златко Кескоски 6-ти дан ЈКА Карате, а од овој вид семинари се одржуваат 2-3 годишно.
На семинарот во Охрид ќе присустваат карате клубови од цела Македонија, а предавањето ќе се одвива за кју ранг и дан ранг или мајсторски појаси.
– Нашето мото е да привлечеме што повеќе деца во спортот, и да ги заштитиме од пороци. Затоа што колку повеќе деца на тренинг толку помалку на улица. Да го одберат спортот значи да го одберат подобриот пат во животот.. Спортот е здравје! – рече Славчо Влавчески инструктор во ЈКА Санурај доџо Пештани.
Мх.П.