Во последната рунда од есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига, фудбалерите на Охрид на домашен терен го пречекуваат тимот на Кадино. Натпреварот се игра денеска во 13 часот.
Победата и трите бодови во дербито на дното им се неопходни на охриѓани за остварување на целта-опстанок во второлигашкото друштво. „Рибарите“, изминатиов период бележат позитивни резултати домашен терен и со триуфм ќе ја заокружат добрата форма на крајот од сезоната.
Дополнителна мотивација за охридските фудбалери ќе биде хуминатарната акција која ќе се одржи за собирање на средства за Трајан Целески-Тачо. Финансиските средства собрани од билетите ќе бидат донирани за лекување на Тачо, а дополнително ќе има и кутии во кои исто така ќе можат да се донира.
Играме и навиваме за Охрид, донираме за Тачо! Се гледаме на стадион!
OhridNews