Охрид на 11-ти септември ќе биде домаќин на ракометниот Суперкуп во организација на ГРК Охрид и Ракометната федерација на Македонија.

Во спортска сала „Билјанини Iзвори“ шампионот на минатогодишното првенство, екипата на РК Вардар 1961, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2022, тимот на РК Еурофарм Пелистер од Битола.

Двете екипи минатата сезона се сретнаа во финалето од Суперкупот на Македонија што се играше во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, која заврши со победа на РК Еурофарм Пелистер со резултат 22:31.

Натпреварот ќе се одигра со почеток од 20:00 часот.Од ГРК Охрид денес информираат дека влезниците за Суперкупот ќе се пуштат во продажба од понеделник, 5 септември, па се до недела на билетарата во спортската сала „Билјанини Извори“ од 18:00 до 20:00 часот  по цената од 200 денари.

OhridNews