Синоќа во „Cuba Libre Beach & bar“, за прв пат се оддржа евергин вечер „Враќање во минатото“, на која беа исполнети музички хитови изведени во периодот од 1950 – 1980 година.
Настанот започна со настап на стенд-ап комичарот Никола Тодороски, кој со својот најнов материјал успеа до солзи да ги насмее присутните.
Следуваше настап на „Петар Маркоски Quartet“, кој преку безвременските хитовити на Frank Sinatra, Elvis Presley, Dean Martin, односно најголеми македонски „евергрини“ на Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Нина Спирова и многу други, охриѓани ги врати во минатото и ги потсети на едни убави времиња.
OhridNews