Делегации на локалната самоуправа, на Друштвото на пистаелите, на институции и асоцијации, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред спомен-бистата на големиот македонски поет и преродбеник, Григор Прличев. Со тоа продолжи одбележувањето на 116-годишнината од смртта на Вториот Хомер.
Охрид му се поклони на Прличев
Денеска патрониот празник го одбележуваат повеќе институции кои го носат името на преродбеникот. Меѓу нив и ОУ „Григор Прличев“, каде се одржа пригодна свеченост во рамки на која беше отворена етнолошката одаја. Во неа покрај амбенталните фолклорни обележја, изложени се и трудови на учениците од разни области кои ја илустрираат нивната едуцираност, но и обученост за изработка и на проекти, а не само цртежи или макети. Исто така беше промовирано и мултимедијалното це-де „Анатомски атлас“, што заеднички го изработија предметните наставници и учениците. Чествувањата ОУ „Григор Прличев“ ќе ги заокружи со свечената приредба што ќе се одржи вечерва во Центарот за култура.
ОУ „Григор Прличев“ го одбележа патрониот празник
фото: Ohrid.gov