Во изедначен и до крај неизвесен натпревар, ракометари на Охрид, претрпеа тесен пораз 19-21 (10-11) од Еурофарм Пелистер, во тест натпреварот во Битола.
„Гладијаторите“ повеќе од одлично му парираа на „пелистерци“, кои имаат големи и нескриени амбиции сезонава во сите натпреварувања. Охридските ракометари околу 54-та минута имаа водство од 17-15, но домаќини со 4-0 серија го презедоа водството и го преточија во триумф.
Добра претстава во Битола имаа голманите Никола Даниловски и Јагош Брауновиќ, кои искомбинираа 14 одбрани. Најпрецизен во Охрид беше Тот со 6 голови, а два помалку реализираше Чагаљ. Во Еурорфарм Пелистер со пет голови најефикасен беше Стјепановиќ. Чаневски на голот имаше 15 успешни одбрани.
За Охрид ова беше прв пораз во подготвителните натпревари. Претходно, охриѓани славеа на гостувањето кај Голден Арт КЛ7.
OhridNews