Стотици граѓани на Охрид, претежно млади луѓе денеска спонтано се собраа на градскиот плоштад Св. Климент Охридски во Охрид да му оддадат почит на Тоше Проески, кој утрово загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Со солзи во очите обожавателите на Тоше се поклонуваа пред сликата на нивниот идол што беше поставена во паркчето до црквата Св. Димитрија, каде палеа свеќи и оставаа цвеќе и пораки:

„Засекогаш ќе останеш во нашите срца“,

„Жалиме за многуте песни што останаа неиспеани“,

„Ќе бидеш незаборавен“,

„Тоше, животот е како река, никого не чека“,

„Ќе живееме со твоите песни“, се само дел од пораките што охриѓани ги оставија за Тоше.Последен пат Тоше Проески во Охрид настапи минатата година на Античкиот театар.


Охриѓани му оддадоа почит на Тоше Проески

Ohridnews