Учениците ги прими градоначалникот Петрески кој истакна дека освоените шеесеттина награди од вкупно 55 ученици на меѓународните и републички натпревари по разни наставни предмети доволно зборуваат за тоа дека Охрид има здраво јадро на образовен кадар и прераснува во вистински расадник на талентирани ученици.
– Вие со својата трудољубивот и талентираност сте вистински амбасадори на нашиот град бидејќи со успеси и награди го афирмирате Охрид и на тој начин ја потврдувате оправданоста на нашата заложба за негување на продуховеноста на ова поднебје во духот на нашиот патрон Свети Климент Охридски, иатакна Петрески.
фото:Ohrid.gov