Доколку не се решат наталожените проблеми во внатрешната пловидба и не се направи реорганизација во кадровскиот состав на Капетанијата на пристаништата,  охридските бродари ќе бидат принудени да ги продадат пловните објекти. Ова беше истакнато на денешната прес- конференција на Здружението на бродари, на која уште еднаш беше изразен револтот на бродарите поради забраната за пловидба која на 17 јули ја изрече охридската капетанија.

Иако поканети, на прес- конференцијата не присуствуваа ниту еден од охридските пратеници. Бродарите добија подршка единствено од градоначалникот Александар Петрески. Тој истакна дека капетанијата ја водат нестручни лица и партиски војници.

Нивната нестручна работа им нанесува огромни загуби на бродарите, а истовремено штета  трпат сите дејности поврзани со туризмот, истакна Петрески. Градоначалникот смета дека тоа што се случува на Охридското езеро не е случајно, туку дел од смислено сценарио за да му се наштети на имиџот на Охрид.

Ohridnews