Според Министерството, објавувањето на овој конкурс е со цел да се создадат услови за рамномерен културен развој и да се обезбедат услови за достапност на граѓаните до културните вредности и нивно масовно користење. Исто така конкурсот има за цел да ја заживее културата на локално ниво.
На конкурсот може да аплицираат сите општини од Република Македонија. Заедно со апликацијата тие треба да достават програма со препознатлива културна и историска традиција како и презентација на актуелни културни вредности. Програмата покрај тоа што треба да содржи цели и очекувани ефекти од проектот, во неа треба да бидат наведени просторните капацитети во кои ќе може да се реализира манифестацијата Град на културата 2010 година. Може да се аплицира со програми од различни области на културата како што се музика, театар, филм, изложби од ликовната и музејската дејност, презентација на книжевното и културното наследство итн.
Програмите треба да се достават до Министерството за култура заклучно со определениот рок за апликации. За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат писмено известени, а реализацијата на овој проект ќе биде составен дел од годинешната програма за финансирање на проекти од национален интерес за културата во 2010 година