Градот Охрид во планирањето на архитектонскиот изглед и идниот развој мора да внимава на културното наследство, препорачуваат младите архитекти од Холандија. Една од нив е и Тамара  Аммерлаан, која неодамна дипломирала на  престижниот Eвропски универзитет во Амстердам на тема Менаџирањето со охридската архитектура. Тамара која има македонско потекло денеска во општината Охрид изврши куса презентација на својата дипломска работа која се однесува на градскиот кеј е во директна врска со стариот дел на градот каде наоѓа најголемиот дел од културното наследство.


Овој млад архитект смета дека постои неусогласен развој на градот што може да го засени културното наследство на Охрид. Затоа смета таа градските архитеткти ќе треба да бидат многу внимателни при проектирањето на урбанистичките планови за да не се случи Охрид да ја загуби својат автентичност.


Според Сјоерд Оомс – проект координатор на општина Амстердам, стариот препознатлив амбиент на Охрид сеуште не е нарушен, но општинските архитекти ќе мора да бидат многу внимателни при идните проектирања. Оомс смета дека во Охрид треба да се направи внимателен спој на старата архитектура со модерни детали кои нема да влијаат на препознатливиот амбиент. Според него градби како хотелот Палас во центарот на Охрид не се најдобро решение. Тој смета дека старите објекти треба да се искористат и да добијат нова функција. На тој начин тие ќе бидат зачувани и соодветно искористени, вели Оомс. Доколку тоа внимателно се испланира инвеститорите ќе најдат сопствен интерес да вложат во реализацијата на таквите проекти, сметаат младите холандски архитекти.

Ohridnews