Охриѓани, но и населението од регионот за прв пат ќе имаат можност во својот град да купат модни парчиња од познатиот моден ланец MEGA FASHION – мултибренд продавницата која претставува OUTLET на брендирана облека по многу поволни цени на Inditex групацијата (ZARA, BERSHKA, MASSIMO DUTTI, Stradivarius, Pull & Bear, ОYSHO).
Дополнително гастрономската понуда за Охриѓани ќе биде збогатена со отворање на рeномиран lounge bar од брендот Nocciolino кој ќе понуди италијански вкусови на храна и пријатна атмосфера во комбинација со кафе, коктели и џелато. На површина од приближно 350 м2 на една од најатрактивните позиции во рамките на трговскиот центар.
Понудата на содржини ќе биде проширена и со модниот бренд за аксесоари и модни додатоци DUKI DASO, како и со експозитура на една од водечките банки – Халк Банка.
Покрај веќе потврденото влегување на новите брендови во склоп на Охрид Мол свои продавници за облека ќе има и германскиот моден бренд NewYorker, спортската мултибренд продавница D Sport, модниот бренд од Полската групација LPP – SYNSAY, како и ЖИТО МАРКЕТИ, Sara Fashion, UNO, Play Park и останати.
Повеќе од сигурно, во мај 2025, градот Охрид и регионот, со Охрид Мол добиваат совршена комбинација на мода, забава и нов културен импулс правејќи го трговскиот центар посакувана и атрактивна дестинација за сите генерации.
OhridNews