Од минатата недела регистрирани сe 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата што е  за 3,7% помалку од минатата недела.  Најголем дел од  случаите се во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид и Кавадарци, информираат од Институтот за јавно здравје.

Во Охрид моментално активни се 667 случаи, оздравени се  4901 лице, а со смртен исход завршиле 249 случаи на Ковид 19. Вакцинирани се 28. 161 жители со прва доза,  26.013 со втора доза што претставува 63,2% од вкупното население во градот.

Во седмицата од 13.09-19.09 во Охрид се регистрирани 103 нови случаи, што е за 9 случаи повеќе од седмицата пред тоа.

Заклучно со 19.09.2021, пријавени се вкупно 187.068 случаи на COVID-19 во државава, информираат од Институтот за Јавно здравје.Вкупно регистрирани се 6.472 смртни случаи.Вкупно се регистрирани 522 случаи кои се заразиле по втор пат со Корона вирусот, и регистриран е еден случај на зараза по трет пат. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (979, 29,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (143; 4,3%). Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица ка ј сите возрасни групи, освен кај возрасните групи од 0-9 каде што има зголемување за 50,5% и кај возрасната група од 10-19 каде што има зголемување за 8,2%.

 

 

K.A.