Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Дебар, Охрид, Претор и Маврови Анови.

Во Дебар наврнале 23 литри дожд на метар квадратен, во Охрид 18, во Претор 16, додека во Маврови Анови 15. Во Берово, Штип, Лазарополе и Крива Паланка изминатото деноноќие наврнале 14 литри дожд на метар квадратен.

Утринските температури денес се движат од најниска минимална измерена во Попова Шапка -4°C, до највисока во Демир Капија 7°C. Во Охрид измерени 2 степени.

OhridNews