Охрид Лоте е првиот финалист во Општинскиот фудбалски куп. “Градежниците“ во 1/2 финалето на Билјанини со 3-0 ја совладаа Дебрца.


Толески на стартот од натпреварот го отвори резултатот по додавањето на Димоски. Речкоски во 65-та минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави ново влезениот Ристовски.

Вториот патник во финалето ќе биде познат по натпреварот Охрид 2004 – Сатеска, кој е закажан за понеделник.

ohridnews