Охрид Лоте е победник во општинскиот фудбалски куп. “Градежниците“ во финалето го совладаа бранителот на трофејот Охрид 2004 со чисти 2-0.


По израмнетото прво полувреме “белите“ преку Стојкоски во 65 минутата го отворија резултатот.“Рибарите“ се обидоа да стигнат до изедначување но ударите на Клечакароски и Атај не ја погодија целта. Во судиското надополнување по одличната контра најснаодлив беше Стојкоски кој со својот втор погодок стави печат на победата.



Победникот од Општинскиот куп наредната сезона ќе се натпреварува во првата рунда од националаниот куп.

Мх.П.