Охрид Лоте на домашен терен во рамките од 15 рунда во дербито на дното го пречекува кически Влазрими. Натпревар кој едноставно мора да се добие за да се избегне опасната зона.




Осмиот пораз во првенството остварен минатото коло го запали алармот во составот на “градежниците“.  Негативната низа трае седум натпревари во кои претпреа шест порази, а забележаа едно реми. Последниот триумф го забележаа над Локомотива со 2-0.


По одличниот старт , следуваше недозволиво опуштање кое ги позиционираше охриѓани во вториот дел на табелата.  Победата во втората рунда над Влазрими со 5-4 е единствената гостинска победа на Охрид Лоте  во првиот дел.


– Не очекуваат два исклучително важни натпревари, овај денес и в среда против Влазними на  кои со победи ќе “испливаме“ на површината – велат од клубот.

За мечот со Влазрими, во составот се враќаат по суспензијата Аце Толески и Филип Трајковски, како и херојот од гостувањето во првиот дел М.Стојаноски. Не е комплетирана документацијата на Аце Стојаноски, што значи дека тој ќе го пропушти и овај меч на Охрид Лоте.

Судија на натпреварот е Јовчески Дарко од Тетово.

М.П.