Битолчанецот Зоранчо Илиевски е делегиран за главен судија на натпреварот од 11-то коло од Втората Македонска Фудбалска лига помеѓу Охрид – Локомотива кој се игра во сабота во 13 часот.
                                                
Негови помошници ќе бидат Јолески Злате и Соклевска Елена.

Во минатата сезона Илиевски беше таличен за охридските бели. На четирите натпревари на кои ја делел фудбалска правда охриѓани забележаа три победи а претрпеа еден пораз.

На натпреварите кои ги водел битолчанецот, им доделил 13 жолти картони а еднаш покажал на белата точка во корист на Охрид.

М.П.