Градскиот фудбалскиот клуб Охрид Лихнидос со победа над Преспа (2-0) на домашен терен ја сефтоса новата комплетна опрема која ја обезбеди салонот за мебел „Гир Риг“. Охридските фудбалери со триумфот во седмата рунда од третолигашкиот шампионат ја продолжија победничка серија која трае од почетокот на сезоната.

  • Сакам да им посакам среќа на охридските фудбалери во наредните мечеви од Третата Лига и опремата следната сезона да ја носат во натпреварите од Втората лига. Ние секогаше ќе бидеме тука да одговориме за потребите на фудбалскиот клуб кој допрва треба да ни носи среќни моменти. – изјави сопственикот на „Гир Риг“, Ристе Шитракоски.

Голема благодарноста до салонот за мебел кој неодамна го прослави 24-годишниот роденден упати првиот човек на ГФК Охрид, Владимир Алексијевски. – Потег за почит и поттик во екот на сезоната за фудбалерите од „Гир Риг“. Компанијата покажа како се подржува како се подржува еден клуб и ние бескрајно ќе му бидиме благодарни. Сакам и другите компании да ги повикам да ни помогнат во рамките на своите можности се со цел да го направиме клубот респектабилен второлигаш.

Охриѓани со седум победи во седум одиграни натпревари се наоѓаат на првата позиција и имаат шест бодови предност пред второпласираната екипа на табелата.

Мх.П.