Ракометните клубови Охрид и Крас Волендам вечерва со почеток во 19 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го одиграат вториот натпревар во првата рунда од квалификациите за пласман на најмасовното клупско натпреварување Купот на ЕХФ.

Првиот меч помеѓу двете екипи заврши без победник 24-24, што гарантира голема борба за секоја педа и тока на теренот. Охрид и Крас Волендам имаа свои светли страни и мани на првиот меч, кој ќе ги анулира слабостите ќе помине понатаму, бидејќи нијанси одлучуваат во вакви двомечи.

Управата на охридскиот клуб за што подобра атмосфера и поддршка во спортската сала ја намали цената на билетот и ќе изнесува 100 денари.

OhridNews