Планот и програмата за контролните натпревари на Охрид во подготвителниот период ќе претрпат нови измени, откако утрешната средба со Кораб која требаше да се одигра во Струга е одложена.
„Рибарите“ наместо со Кораб ќе се сретнат со прволигашот Работнички. Дуелот ќе се одигра на СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 16 часот.
Средбата со „романтичарите“ ќе биде втора за охриѓани во подготвителниот период. Во првата претрпеа пораз од Пелистер во Битола 4-0.
Утре покрај Охрид – Работнички на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра и мечот Ренова Пелистер. Почетокот е закажан за 18 часот.
OhridNews