На 1 Мај во Охрид за прв пат ќе се одржи Фестивал на камерна музика „Охрид те сакам“ кој како што најавија организаторите ќе претставува почеток на една нова традиција. Целта ни е во Охрид да се одржуваат концерти на камерна но и други видови класична музика во текот на целата година, изјави на прес конференцијата по повод промоцијата на новиот фестивал, уметничкиот директор Елена Маринова.
Охрид концертно ќе живее цела година, рекоа организаторите
Идејата е преку популаризација на класичната музика да им се даде на шанса на младите уметници од Охрид да настапат на фестивал заедно со еминентни професорски имиња од Европа, рекоа организаторите.
Фестивалот „Охрид те сакам“ ќе се одржи на 1,2, и 3-ти мај во Големата сала на општината. Првата вечер ќе настапи Елена Маринова која ќе има авторска вечер испреплетена со класични композиции и италијански канцони. Втората вечер ќе настапи италијанскиот пијанист, Марко Абричио-професор на Конзерваториумот во Перуџа, а третата вечер ќе настапи македонската пијанистка Емилија Потевска. Сите концерти започнуваат во 20 ч.
На фестивалот пред охридската публика премиерно ќе биде претствен концертниот клавир „Seiler“ донација од Лихтенштајн.
ohridnews