Фудбалерите на Охрид ја прекинаа црната серија и по пауза од единаесет кола забележаа победа. На теренот во Битола , Охрид со 1-0 го победи Маџари.
Стрелец на голот вреден три бода беше Атај, за кого ова е петти погодок сезонава.
Со овај триумф прв во пролетниот дел “рибарите“ ќе го зачуваат второлигашкиот статус.
На пет кола пред крајот охриѓани имаат 29 бода, а во наредното коло гостуваат во Скопје, кај Локомотива.