Хористи од Чешка, Романија, Србија, Бугарија, Литванија, Словенија, Летонија, Полска, Хрватска, Босна и Херцеговина, Норвешка, Унгарија, Данска и од домаќинот Македонија ќе земат учество на вториот по ред хорски фестивал, што од денеска до понеделник ќе се одржи во Охрид.

Концертите од натпреварувачкиот дел ќе се одржуваат во „дијамантската сала“ на хотелот „Инекс-Горица“ во вечерен термин. Во претпладневни и пладневни термини во истата сала и во црквата „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одруваат фолк и поп концерти како и концерти на духовна музика.

Покрај ова најавен е и еден хорски концерт на отворено кој ќе се одржи на плоштадот „Св. Климент Охридски“ во центарот на Охрид.

Ohridnews