Охрид ќе треба да изгради јавни тоалети
Охрид како туристичко место за жал не располага со јавни тоалети, поради што неретко јавните површини во центарот на градот, но и други локации се користат за физиолошки потреби.
Изградбата на јавните тоалети е дел од стратегијата за успешно спроведување на новиот Закон за јавна чистота. Општините за следната година ќе треба да издвојат и повеќе финансиски средства и за набавка на поголем број канти за отпадоци и контејнери.