Постои можност Охрид да се збратими со италијанскиот град Алдеробело(оддалечен околу триесетина километри од Бари)кој е исто така под заштита на УНЕСКО. Ваквата идеја била изнесена на средбата на градоначалникот Александар Петрески со претставниците на регионот Пуља во Италија, кои деновиве претстојуваат во работна посета на Охрид.
Постои можност Охрид да се збратими со Алдеробело
На работниот состанок било договорено да се формира работна група која ќе работи на искористување на можностите за искористување на европските фондови и заедничко учество на меѓународни тендери, каква што е ИНТЕРРЕГ ИВ.Тоа пред сé, се однесува на можностите кои се отворени за градовите кои се под заштита на УНЕСКО, формирање на мрежа на градови кои спаѓаат во оваа категорија, при што конкретно е посочена можноста од збратимување на Охрид со Алдеробело.
На средбата било разговарано за соработка во повеќе области, а биле разгледани и можностите за воведување на нискобуџетни авионски линии
кои би ги поврзувале Охрид со црногосркиот град – Тиват во Република Црна Гора,Тирана во Албанија и Бари во Република Италија.
ohridnews