Охрид ќе се збратими со 7 градови од Европа: Птуј, Република Словенија; Велико Трново, Република Бугарија; Реганати, Равена и Алберобело од Република Италија; Синаја, Република Романија и Марбела, Шпанија. Одлуката се очекува да ја донесе Советот на општина Охрид на 53-та седница која ќе се одржи на 30-ти април.
На седницата ќе бидат разгледани вкупно 15 точки: Предлог-Одлуката за усвојување на Извештајот за извршување на Буџетот на општина Охрид во првиот квартал за буџетската 2008 година, Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во првиот квартал на 2008. година; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување и изградба на јавно осветлување во првиот квартла на 2008. година; Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2008. година; Предлог-Одлука за усвојување на Стратегијата за одржлив локален економски развој на општина Охрид; Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на МЈП „Проаква“ како содружник да учествува во основање на ДОО за реализација на Проектот за изградба и стопанисување на четири мали хидроелектрани кои би се изградиле на гравитациониот водоснабдителен систем „Летнички Извори“ – Охрид.
На седницата се очекува да бидат именувани и членови во Надзорниот и Управниот Одбор на Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг-простори.
ohridnews