Историскиот фестивал “Средновековен Охрид” е манифестација што ќе го слави животот, историскиот континуитет и традицијата, ќе го афирмира богатото македонско културно и духовно наследство и ќе ги запознае домашните, но и странски гости како во Охрид се живеело во времето на царот Самуил, пред и по него.

Овој историски спектакл за прв пат ќе се одржи во Охрид на Денот на независноста, а целта е тој да стане традиционален, велат организаторите.

Тие утре на прес конференција ќе ги изнсат деталите за фестивалот кој ќе се одржува на повеќе локации во стариот Охрид. Во рамки на историскиот фестивал на кој учество ќе земат стотина занаетчии од Македонија, Хрватска и Словенија, ќе се одржи средновековен базар, витешки турнири, а ќе има и изведувачи на средновековна духовна и световна музика, жонглери, акробати, и богата гастрономска понуда.

Ohridnews