Охрид во текот на летната сезона ќе биде домаќин на триатлон, натпреварувањето во пливање, трчање и возење велосипед. Охрид е идеално место за развој на триатлонот и ученичкиот диатлон сметаат претставниците на Амбасадата на САД во Скопје и невладината организација „Алфа и омега“. Тие предводени од советникот во амбасадата Рајан Роуландс, деновиве во посета на Охрид ја изнесоа иницијативата за одржување на триатлон натпреварот за рекреативци и професионалци како и ученичкиот диатлон.
Федерација за триатлон ќе биде и организатор на триатлон натпреварот кој , како што е првично договорено, ќе се одржи во Охрид на 11. наредниот месец.
Патеката на одржување на овај настан ќе се одвива на просторот од Пристаништето и плажите кон хотелот „Парк“. Она што е сигурно е дека афирмацијата на ова спортување ќе биде проследено со богата забавна програма и дружење како и награди за учесниците. Заради атрактивност и подобро вклучување и на публиката, стазите ќе бидат кружни.
Од локалната очекуваат воведувањето на триатлонот да прерасне во традиција со што би се зботатила охридската туристичка и спортска понуда. Иствремено, од есен, Охрид ќе биде вклучен во редот на градовите во Македонија во кои се одржува ученичкиот биатлон – натпревари во трчање и возење велосипед.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com