Во Центарот за едукација на кадри на Црвен крст во Струга, во организација на Црвен крст на Македонија, а со поддршка на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, во тек е Меѓународен семинар за обука на проценители при катастрофи (РДРТ-тимови). На семинарот кој ќе трае до 24 февруари, учество ќе земат  преку 30 преставници од 15 земји од Источна Европа.


Според програмата на семинарот, предвидена е реализација на вежба според соодветно сценарио за случена елементарна непогода. Вежбата ќе започне  во големата сала на Општина Охрид. со заеднички состанок на членовите на РДРТ-тимовите со координативното тело-кризен штаб за справување со катастрофи на Охрид, во кое членуваат претставници од Центарот за управување со кризи, Локалната самоуправа на Охрид и Дебарца, СВР Охрид, здравствените установи, Граничната полиција, Црвен крст Охрид и други. После брифингот за настанатата ситуација, РДРТ-тимовите ќе се упатат на неколку локации во Охрид и Дебарца, за проценка на штетите и потребната помош.


Целта на вежбата е да се потенцира важноста и подготвеноста од навремено, ефикасно и координирано делување на надлежните институции  во случај на елемнтарна непогода, велат од Црвениот крст.

Ohridnews