Германски тур-оператори денеска и утре ќе престојуваат во Охрид во рамки на посетата на туристичките места и културно историските знаменитости во земјава. Посетата на германските тур-оператори е дел од проектот за промоција на Македонија како туристичка дестинација, што започна оваа пролет.

Според најавите Охрид е најблиску да стане дел од туристичката понуда на германските агенции наредната сезона. „Македонија е многу интересна за нас. Може да ги ставиме македонските хотели и патнички тури во германските туристички каталози и да ја претставиме земјата на нашиот туристички пазар – изјави Карстен Херцог, генерален директор на туристичката организација „Хергоц туризам“, по средбата со министерот за економија Фатмир Бесими, вчера во Скопје.

Покрај германски, земјата во наредниот период ќе ја посетат и тур-оператори и новинари од Србија, Англија, Русија и од Кина. Во рамки на туристичката промоција ќе бидат поставени и стотина билборди во и околу главните градови во неколку соседни држави, а македоснкиот туризам ќе се рекламира и во странски печатени медиуми.

Ohridnews