После цели 15 години, наскоро ќе биде извршена дератизација во Охрид, најави Заводот за здравствена заштита. Според договорот со локалната самоуправа дератизацијата треба да отпочне на 15-ти април.

„Се договоривме со локалната самоуправа во интерес на граѓаните, но и на туризмот, во Охрид конечно да по деценија и пол да биде извршена дератизација“, ни иајави Атанско Михаилов, директор на ЗЗЗ-Охрид.

Тој напомена дека локалната самоуправа ветила дека ќе ги обезбеди потребните средста за извршување на дератизација која општината ќе ја чини околу 300.000 денари. Според најавите дератизацијата ќе биде извршена делумно, а акцент ќе биде ставен на стариот дел на градот.


После 15 години  ќе се врши дератизација на Охрид-Атанско Михаилов

Дератизација е преку потребно да се изврши затоа што веќе има и поплаки од граѓаните на појава на глодари, вели Михаилов. Глодарите се преносители на голем број заразни болести, а и брзо се размножуваат, така што треба превентивно да се делува, вели Михаилов. Тој најави дека на 15 мај ќе биде извршена и дезинсекција за што јавноста навремено ќе биде информирана.

ohridnews